Актуелниот европски првак Вардар има два врзани натпревари против Кјелце. Полскиот првак викендов гостува во Скопје, а потоа следува дуелот на гости кај  Кјелце.

Првиот дуел се игра во сабота, 9 ноември од 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”, ова се натпревари од Лигата на шампионите.

За утрешната средба тренерот на Вардар Кокшаров има сериозни проблеми со пворедени играчи.

“Не чека тежок натпревар против Кјелце. Ја знаеме ситуацијата во групата, сите екипи се блиску со бодовите и секоја победа може да те однесе напред, а секој изгубен меч може да те врати назад. Имаме многу повредени играчи, но размислуваме само на победа. Натпреварот ќе покаже што и како ќе биде.”- изјави Едуард Кокшаров, тренерот на екипата.

Кјелце го очекува „пекол“ во Скопје, салата СЦ „Јане Сандански“ е речиси распродадена, Вардар ќе има повторно голема поддршка.