Вардар од 1.јуни ќе биде под „палката“ на Михајло Михајловски кој се враќа на претседателската функција во клубот. „Црвено-црните годинава се соочуваат со големи кадровски промени и дел од ракометарите заминаа, но доаѓаат и нови.

Последен меѓу нив е репрезентативецот Томи Јагуриноски, кој доаѓа од Металург, а притоа радува веста дека  за следната сезона останува и десното крило Иван Чупиќ, кој четири сезони е дел од црвено-црните.

Претходно, таборот на Вардар го засилија Борко Ристовски и Марко Мишевски, а  наредниве денови се очекува уште неколку ракометари да ја продолжат соработката со македонскиот гигант.