Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги објави шеширите за наредната сезона од машката ракометна Лигата на шампиони во која Македонија и оваа година ќе има два претставника во најелитното друштво, во името на европскиот првак Вардар и на дебитантот Еурофарм Работник од Битола.

Вардар на ждрепката ќе биде во првиот шешир, а не може да игра само против ПСЖ. Секако, „црвено-црните“ ќе играат во шампионските групи, додека Еурофарм Работник ќе биде во вторите групи, каде ќе се наоѓа во четвртиот шешир, заедно со Кристијанштад.

При ждрепката ќе има протекција, тимови од исти земји нема да може во една иста група, така што Вардар сигурно ќе биде со Монпелје, додека Еурофарм Работник за сигурен ривал во групата ќе го има шведски Савехоф.

Ждрепката за Лигата на шампионите е закажана на 27 јуни од 18:00 часот во Виена по што ќе се знае со кого во група ќе биде Вардар во наредната сезона