Ракометарите на Вардар и Металург на 17. септември во Скопје ќе играат за титулата во Суперкупот, меч кој трета година по ред значи отворање на сезоната.

Вардар е голем фаворит за хет-трик во Суперкупот, победи досега против Еурофарм Работник и Металург, тимот од Автокоманда сега сака реванш и прва титула.

Дуелот во Суперкупот  ќе биде убава проверка на можностите за двете екипи пред продолжението на настапите на меѓунардна сцена, Вардар во СЕХА и Лигата на шампионите, Металург во ЕХФ Купот.