Ракометарите на Вардар со победа им се вратија на клубските обврски. Иако во десеткуван состав ракометарите на Кокшаров без поголеми проблеми го „згазија“ аутсајдерот од Загреб, Пекинг Универзитет со 28-36.

Европскиот првак уште на стартот направи убедлива разлика и покрај тоа што видно беше дека играат со втора брзина. Во одредени моменти од првиот дел домаќините успеваа да ја намалат разликата, но „црвено-црните“ со серија 7-1 во финишот заминаа на пауза со убедливи 10-21.

Во вториот дел домаќините успеваа на моменти да го намалат резултатот, но младите ракометари на Вардар брзо ја враќаја разликата која се движеше од 9 до 11 голови. Сепак, упорноста на домаќините на крајот се исплати и загубија само со 8 погодоци разлика.

За напомена на овој дуел поголемиот дел од товарот во составот на Вардар го изнесоја младите ракометари, а најефикасен помеѓу нив беа Ќошевски и Пелко со по 7 погодоци. Кај Пекинг Универзитет најистакнат поединец беше Хуанг со 6 гола.

Вардар по 5 кола има 4 победи и еден пораз и се на делба на првата позиција со Мотор Запорожје.