Сташ Скубе е на излезна врата кај Вардар, потврди дека заминува, црвено-црните најдоа негова замена во името на  Мигел Мартинс Соареш од Порто.

Мигел Мартинс Соареш. има 22 години, тој е извонреден среден бек, беше прогласен за  најдобар ракометар во португалскиот Суперкуп, неговиот просек е пет гола по натпревар во португалскиот шампионатот.

Соареш  настапи со португалската репрезентација на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Реализираше 19 погодоци, но подели 25 асистенции, висок е 192 сантиметри, оваа сезона играше против Вардар во Лигата на шампионите.