Во рамките на 15. коло на македонската Суперлига, во малата сала на арената „Јане Сандански“ свој натпревар одиграа вторите тимови на Вардар и на Металург.

Нивниот прв дуел во Автокоманда заврши со убедлива победа на Вардар Јуниор, 30:38 (11:17), па вардарци на денешната средба важеа за сигурни фаворити.

Но, во првото полувреме се случи спротивното. Металург 2 одигра одлични 30 минути и целосно го надигра противникот. Вардар Јуниот во целото прво полувреме успеа да постигне само 5 голови, а ги прими дури 13.

Сепак, прогнозите се остварија во вториот дел, кој Металург2 го одигра испод секое ниво. Вардар Јуниор веќе во првите неколку минути направи серија од 5:0 и намали на подносливи 10:13. Во продолжението на средбата веќе се чувствуваше дека Металург 2 нема психолошка сила да се врати назад, па Вардар Јуниор во драматична завршница ги освои сите три бода.

Вардар Јуниор – Металург 2   24:23 (5:13)

Вардар Јуниор: Гогов, Виларов, Јаневски, С. Чакалиќ, Јакимовски 1, Димевски 1, Карапалевски 8, Х. Чакалиќ, Андоноски 2, Анѓелковски 3, Стојановски, Крстевски 1, Трајковски, Атанасовски 2, Анѓеловски, Дука 6.   Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.

Металург 2: Василевски, Ацевски, Михајлов 1, Фидановски, Мелоски 4, Кофиловски 2, Стоилевски 2, Митиќ 3, Трајковски, Ристовски 1, Георгиевски, Прцуловски, Стојановиќ 8, Гајиќ 1, Додиќ 1 и Шокоски.    Седмерци: 6/6, Исклучувања: 8 мин.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Душко Камишевски од Скопје.