Натпреварот меѓу Вардар и Кил кој се игра во сабота  предизвика огромна заинтересираност кај фановите на „црвено-црните“, а поради тоа  клубот одлучи да пушти и билети за стоење од капацитетот за седење кој го има.

Билетите за столчињата се продадоа, па Вардар одлучи да пушти и влезници за стоење. Билетите ќе бидат по цена од 150 денари и ќе можат да се купуваат од денеска онлајн преку продажната мрежа на „мктикетс“ и на билетарата на „Јане Сандански“.

Натпреварот Вардари и Кил се игра во сабота на 12 октомври со почетокот од 17:30, а европскиот шампион ќе се обиде да го задрже 100 процентниот учинок во Лигата на шампиони.