Екипата на Веспрем го пречекува денес Вардар во петото коло од ракометната Лига на шампиони.

По поразот на „Црвено-црните“ од Кил во Скопје, управата одлучи да го смени Давид Писонеро, а на негово место дојде Русинот Едуард Кокшаров. Денешниот дуел ќе биде деби за Кокшаров на клупата на Вардар, но и за Писонеро како негов асистент.

Против својата поранешна екипа, Вардар, денес ќе играат Дејан Манасков, Вуко Борозан, Рожерио Мораеш и Арпад Штербик.

Натпреварот е закажан со почеток од 17:30 часот