Директорот на СЕХА лигата Синиша Остојиќ изјави дека мечот меѓу Вардар и Пекинг во ова натпреварување ги срушил сите рекорди на гледаност. Овој меч според него го гледале 700.000 луѓе.

„Сакам да истакнам дека регионалната СЕХА лига нема алтернатива на овие простори кои оваа година дополнително ги проширивме на далечниот пазар. Што и донесе тоа? Ќе ви откријам само еден податок. Првиот натпревар на кинескиот клуб во нашата лига го гледаа 700.000 луѓе, податок кој досега беше незамислив за нас“– изјави Синиша Остојиќ.

Од оваа сезона СЕХА лигата има нов форма, но и еден необичен учесни во името на Пекинг универзитет, кој со задоволство беше прифатен од раководството на регионалната лига.