Мешков Брест го пречекува Вардар вечерва од 18-45, натпревар од првото коло во новата сезона на Лигата на шампионите.

Вардар се уште е актуелен клупски првак во елитното натпреварување на ЕХФ, сега во Белорусија гостува со речиси нов тим, поинаков од минатата сезона.

Статистиката вели дека Вардар ќе мора добро да се потруди за да ја запише првата победа против Мешков но на гостински терен и тоа во Лигата на шампионите, во СЕХА  конкуренцијата македонскиот првак има гостински триумф.

Досега во ЕХФ Лигата на шампионите, Мешков Брест го нагостил Вардар три пати, победил на две средби, еднаш играа нерешено, во Скопје црвено-црните имаат два од два.

Мешков Брест во ноември два пати играл со Вардар како домаќин, минатата година победи со 31-22,  пред две години, Вардар остана непоразен 31-31.

Натпреварот, Мешков Брест – Вардар се игра денес со почеток од 18:45 часот.