Рк Вардар одбрната на европската титула денес ќе ја започне на гостувањето против француски Монпелје. Ова е дуел на екипите кои во последните 3 години се искачуваа на врвот на Европа и тоа Вардар 2 пати додека французите 1.

И едните и другите се соочуваат со кадровски проблем, а посебно ослабен ќе биде Вардар со неграњето на капитенот Стојанче Стоилов и новиот ракометар Бразилецот Толедо.

Натпреварот ќе започне во 17:15 часот, а во рамки на оваа група ќе се сретнат уште Порто-Меков Брест, Кил – Кјелце и Веспрем- Мотор Запорожје.