Европскиот ракометен првак беше непрепознатлив, пред се во првото полувреме против Кил. Вардар го претрпеа првиот овосезонски пораз во Лигата на шампионите откако загубија од Кил во „Јане Сандански“ со 20:31.

Во првите 30 минути, преполната сала во Скопје остана без зборови, Вардар постигна само четири гола а прими 16. Гостинот од Германија играше одлично, а првиот гол црвено-црните го постигнаа во 11 минута преку Чупиќ од пенал.

Во второто полувреме, Вардар играше многу подобро, не успеа посериозно да се врати во мечот. Кил одигра доволно за на крајот да слави важна победа на гостувањето кај бранителот на европскиот трон со 11 разлика.

Тимур Дибиров со пет гола беше најефикасен за Вардар, четири постигна Кристопанс. Кај победникот се издвои Пекелер со осум, Дувњак даде шест гола.

Во следното коло од Лигата на шампионите, Вардар ќе му гостува на Веспрем.