Вардар отпатува за Данска каде утре од 18,45 часот го играат натпреварот од 5. коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите против Алборг.

Тренерот на црвено-црните, Веселин Вујовиќ изјави дека во Данска очекува поинаков натпревар од оној во Скопје.

„Очекувам различен натпревар од тој одигран во Скопје. Тогаш ние се обидувавме да не влеземе во нивниот ритам, да не трчаме многу и успеавме. Крајниот резултат го покажува тоа. Тие нема да ги повторат грешките а ние сме малку загрижени после натпреварот со Монпелје, очекувањата на јавноста, но и нашите беа многу поинакви. Треба да знаеме дека ние треба да направиме уште многу за да бидеме рамноправни со најсилните во Европа“, изјави Вујовиќ.

Пренос од натпреварот меѓу Алборг и Вардар утре ќе емитува ТВ Аренаспорт 2.