Македонскиот и европски шампион Вардар, попладнево ќе игра во финалето со Металопласитка за првото место на турнирот во Требиње.

Металопластика беше најдобра вчера во својата група во која играа уште Изола и Извиѓач и закажа меч со Вардар за првото место на турнирот.

Вардар во петокот  ги победи Борац Бања Лука, 34-30 и  Леотар 38-18 за пласман во финалето каде е голем фаворит.

Средбата, Вардар – Металопластика се игра од  17 часот во Требиње.