Европскиот првак потврди, Глеб Калараш останува во Вардар уште две сезони, тој замина за Украина но на взаемно задоволство се враќа во редовите на „црвено-црните“.

Калараш минатата недела дојде во Скопје, но чекаше да се завршат сите формалноси за да може и официјално да тренира со своите соиграчи. Вардар во моментов е на Супер Глоуб во Дамам, а Калараш остана во Скопје да тренира заедно со Стоилов кој се подготвува за скоро враќање на теренот.

„На наша голема радост и на навивачите, Глеб Калараш и во иднина ќе биде дел од Вардар. Неговата желба да се врати во Скопје се исполни, и клубот исто така е среќен што ќе може повторно да смета на услугите на пивотменот кој токму во црвено-црниот дрес ги направи најголемите успеси. Со враќањето на Глеб сигурно најмногу ќе добиеме во одбранатa со оглед на неговите квалитети кои ги покажа лани на многу натпревари. Со нетрпение ја очекуваме новата сезона во СЕХА лигата и ЕХФ лигата на шампионите и заедно да чекориме кон уште успеси“ – изјавиДавор Стојаноски, Извршниот директор на Вардар.

Во новата сезона Вардар ќе почне со меч во СЕХА Газпром лигата на 3 септември во Скопје. Првиот меч во ЕХФ лигата на шампионите ќе го игра на 14 септември во Франција кај Монпелје.