Кјелце го пречекува Вардар во 8 коло во Лигата на шампионите, група Б во која Кил е лидер со 12 бода но и натпревар повеќе од Вардар кој има 9, Кјелце има 8 бода.

Тренерот Едуард Кокшаров се соочува со проблеми на повредените играчи, Криштопанс не отпатува во Полска, Дисингер е под знак на прашање, тенка е бековската линија.

Вардар ќе с ебори против традицијата на оваа средба на гости, шампионот на Европа и Македонија, никогаш не го победил Кјлеце во ЛШ на гости.

Ова е петто гостување на Вардар кај Кјелце и скорот е 5-0 за тимот од Полска. Вардар највисокиот пораз од Кјелце го запиша  на 14 октомври минатата година кога загуби со 31-27.

Средбата во Полска денеска започнува од 18 часот.