Дербито меѓу Вардар и Веспрем носи дополнителен притисок за шампионот н Европа кој се мачи за да се врати во посакуваната форма.

Поддршката од трибините е повеќе од потребна па откако беа распродадени сите предвидени билети од РК Вардар пуштија дополнителен број но само за стоење.

„Поради големиот интерес за натпреварот од ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Веспрем пуштен е дополнителен контингент на билети за истиот натпревар. Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба ДОПОЛНИТЕЛНИ билети. Истите се за секторот СТОЕЊЕ. Цената на билетите е 150 денари.“ – информираат од РК Вардар.

Вардар го дочекува Веспрем на 1 декември а натпреварот ќе се игра во „Јане Сандански“ од 17 часот.