Ракометарите на Вардар рутински стигнаа до полуфиналето на годинашново издание на Супер Глоуб откако го совладаа тимот на Ал Мудхар со 34-27 во Дамам.

Вардар доминираше во двата дела од натпреварот, првото полувреме го реализира со 17-12.

Вториот дел не донесе никаква резултатска неизвесност, македонскиот шампион диктираше темпо и игра, предноста се зголемиваше од минута во минута, во еден момент имаше и 10 голови предност,29-19 и  30-20, мечот го завршија со седум разлика односно 34-27.

Тимур Дибиров беше прогласен за играч на натпреварот. Најефикасни во составот на Вардар беа Дибиров со шест гола, Дисингер и Чупиќ постигнаа по пет.

За пласман во финалето, Вардар утре ќе игра со Кил од Германија.