Ракометарите на Вардар 1961 ја совладаа попладнево Металопластика со 26:23 (14:11) и со две победи  обезбедија пласман во четвртфиналето од овогодишното издание на регионалната СЕХА лига.

По вчерашниот триумф над истиот противник од 39:31, македонскиот шампион рутински го заокружи двомечот во Скопје и за пласман меѓу четирите најдобри екипи во СЕХА лигата за противник ќе го има хрватскиот првак ППД Загреб.

Еурофарм Пелистер, во четвртфиналето за противник го има белорускиот шампион Мешков Брест кој стои пред Битолскиот тим за пласман во полуфиналето.

Домаќин на фајнлфорот сезонава во регионалната ракометна лига,ќе биде хрватскиот град Задар, од 3 до 5 септември.