Европскиот и македонски шампион Вардар претрпе уште еден пораз во завршницата на групната фаза на Лигата на шампионите.

Екипата на Кил денеска беше пресилна и го доби натпреварот со резултат 34:23.

Вардар во сите 60 минути беше во резултатска негатива, која во финишот ги достигна максималните 11 голови разлика.

За жал, Вадар повторно прими премногу голови и повторно немаше никаква поддршка од своите голмани, кои собрале едвај 4 одбрани.

На почетокот на вториот дел Вардар покажа дека може да се врати, откако дојде на само два гола разлика, 18:16, но тоа траеше кратко. Кил заигра гранитно во одбраната, а пак во нападот непогрешно ја полнеше мрежата на Гедбан.

Вардар го претрпе својот шести пораз во групната фаза, но нема да се спушти подоле од шестото место во групата „Б“.

Кил – Вардар 34:23 (18:14)

Кил: Н. Ландин, Билик, Дамке 1, Дувњак 1, Екберг 8, Хорак, М.Ландин 6, Пекелер 3, Квенстедт, Рахмел 4, Рајнкинд 4, Вајнхолд 2, Винцек 1 и Зарабец 4.

Вардар: Гедбан, Гогов, Атман, Чупиќ 3, Толедо, Дибиров 4, Димитриоски 1, Горбок, Горпишин, Калараш 2, Скубе 2, Карапалевски, Кристопанс 6, Кукуловски, Пелко и Стоилов 5.