Европскиот првак Вардар во голем стил ја започна одбраната во Лигата на шампиони. Избраниците на Писонеро имаат 3 победи во исто толку натпревари во ова натпреварување, а досега двајца ракометари ги одбележаа овие 3 кола.

Тоа се Тимур Дибиров и Даинис Кристопанс. Русинот постигна 20 голови на трите меча со кои е на делба на третото место на листата на стрелци заедно со Банур од Динамо Букурешт и Јохансен од Фленсбург.

Интересно е тоа што половина од овие голови Дибиров ги постигна на гостувањето кај Мотор Запорожје.

Во првите 10 стрелци се наоѓа и Кристопанс кој со 17 погодоци е на делба на 9 место.