Европскиот и македонски првак, Вардар денеска го пречекува Мешков Брест во рамки на 5 коло од Лигата на шампиони. Тренерот Кокшаров се соочуа со кадровски проблеми поради повредите на голем дел од ракометарите, но и покрај тоа „црвено-црните“ влегуваат како фаворити на овој дуел.

Ова е меч кој притисокот е на Вардар кој како знае и умее мора да слави како би се вратиле во трката за едно од првите две места во групата Б кои во моментот ги држат Кил и Киелце. Македонскиот гигант на овој дуел влегува по двата порази од Кил и Веспрем на последните две средби од елитното натпреварување. Вардар и Мешков Брест добро се познаваат и од мечевите од СЕХА лигата, а минатата сезона во шампионската лига Вардар славеше со 30-23 на домашен терен против белорускиот претставник.

Дуелот започнува во 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.