Европскиот првак Вардар последниот натпревар од Лигата на шампиони и дефинитивно ќе го одигра пред полни трибини.

Од раководството на „црвено-црните“  потврдија дека мечот со Монпелје ќе се игра со публика, и покрај препораката од надлежните власти во периодот до 6.март сите спортски настани да бидат пред празни трибини поради коронавирусот.

„Ги известуваме сите што купиле билети за натпреварот од ВЕЛУКС ЕХФ лигата на шампионите меѓу екипите на Вардар и на Монпелје, закажан за сабота (29 февруари 2020 година) во СЦ „Јане Сандански”, дека мечот ЌЕ СЕ ИГРА СО ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА. Одлуката е донесена пред се поради краткиот период за било каква промена, а со оглед на тоа што станува збор за меѓународна средба која е одамна закажана, а и екипата на Монпелје е веќе пристигната во Скопје“-се вели во соопштението.

Натпреварот е закажан за 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански”, а пренос ќе има и на МТВ 1.