Вардар и Кил вечерва ги продолжуваат настапите во ракометната Лига на  шампионите.

Средбата во Германија се игра од 19 часот. Вардар  предводен од новиот тренер Стевче Алушовски, бара шанса за нови бодови.

Во групата Б, Кил е прв со 16 бодови, Вардар има 9 и се наоѓа на 6. место, бодови се неопходни но екипата од Германија е голем фаворит.

Европскиот првак е во серија од три порази во низа во елитното натпреварување на ЕХФ, Кил е инспирација, но дали  финасиските проблеми во клубот ќе влијаат на резултатот  и играта вечерва во Германија?

Ова е дерби во конкуренцијата Б, пренос ќе можете да погледнете на Аренаспорт, за оние претплатници на телеком, државаната МТВ објасни дека поради проблеми на релација, Аренаспорт-Телеком, нема да врши пренос од гостинските мечеви на Вардар, иако досега тоа беше вообичаена пракса оваа сезона.

Средбата, Кил -Вардар (19 час) ќе оди во живо на Аренаспорт 3.