Европскиот и македонски правак Вардар вечерва од 19 часот се среќава со домаќинот Ал Мудхар на турнирот Супер Глоуб.

Ал Мудхар вчера  го совлада Њујорк Сити со 33:13 и закажа меч со шампионот на Европа. Вардар е апсолутен фаворит на натпреварот.

Играчите кои не стигнаа на време во Саудиска Арабија ќе пристигнат денеска и веројатно нема да бидат во комбинација за овој натпревар.

Натпреварот меѓу Вардар и Ал Мудхар започнува од 19 часот со пренос на Телма