Македонскиот првак Вардар 1961 денеска го продолжува настапот во ракометната Лига на шампиони со гостување кај лидерот во групата А, Кјелце.

Гостувањето кај полскиот првак доаѓа една недела по поразот на Вардар од Кјелце со 33-29 во Скопје.

Бекот на црвено-црните, Марко Вујин во пресрет на реваншот изрази  верување дека среќата нема да им го сврти грбот и дека шансите за победа постојат.

„На домашен терен видовме дека Кјелце е силен противник. Точно е дека домашниот терен не носи предност кога нема навивачи, па на ова гостување одиме да се надигруваме. Направивме анализа и знаеме каде грешевме, се надевам дека сега тоа ќе го поправиме и ќе оствариме позитивен резултат. Тие се врвен тим но ние одиме на победа.“ – изјави Вујин.