Од денеска (18 ноември) во продажба се пуштаат поединечните билети за последниот домашен натпревар на Вардар годинава во ЕХФ лигата на шампионите против Веспрем (Унгарија).

Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и онлајн преку www.ticketplus.mk

Натпреварот Вардар – Веспрем е закажан за 1 декември во СЦ „Јане Сандански” 17 часот.

Цената на поединечните билетите за натпреварите со Веспрем се:
* трибина – 350 денари
* А блок – 400 денари