Вардар води тешка битка со Кил.

Првото полувреме европскиот шампион го помина во постојана негатива, која во 19 минута ги достигна максималните -6, 13:7.

За жал повторно одбраната е послабиот дел од тимот, бидејќи прими дури 18 гола. Се чини дека разликата ја направи голманот на Кил, Ландин, кој има 6 одбрани.

Резултатот по првото полувреме е 18:14, во полза на Кил.

Најдобри во редовите на Вардар се Кристопанс со 5 гола и Стоилов и Чупиќ, со по три.

Кај Кил засега најдобри се Рајнкинд, Зарабец и Екберг, со по 4 гола.