Македонкиот ракометен првак Вардар 1961, денеска од 20:45 во „Јане Сандански“ го пречекува Кил во 6 коло од групата А во Лигата на шампионите на ЕХФ.

По двата порази по ред во елитата на Европа, црвено-црните денеска ќе ја бараат третата овосезонска победа,  против екипата која на последните четири соочувања со вардарци запиша триумф.

„Најважно е Вардар да одигра добар натпревар и да покажеме квалитет, а крајниот резултат ќе го видиме кога натпреварот ќе биде завршен.“ – изјави тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ.