Гостувањето кај Пекинг доаѓа во најдобар можем момент за РК Вардар. По поразите од Кил и од Веспрем во Лигата на шампионите, црвено-црните денеска имаа можност да им се вратат на победите а притоа да заштедат дел од силите за следните предизвици.

„Сакаме да одиграме максимално, бидејќи ова е сепак официјален натпревар. Пекинг од натпревар во натпревар игра подобро, и ние секако тоа го сфаќаме сериозно. Имаме проблеми во нашиот тим, но, секако сите други ќе дадат се од себе.“– изјави тренерот на РК Вардар, Едуард Кокшаров.

Вардар на првото соочување со Пекинг во септември оваа година славеше со 37:23. Натпреварот