Ракометарите на Вардар денеска од 18:45 повторно се домаќини на Елверум во натпревар од групата А во Лигата на шампионите.

По ремито во „Јане Сандански“ во неделата, кое лесно можеше да биде победа за Вардар 1961, избраниците на Алушовски денеска ќе се обидат да дојдат до вториот овосезонски триумф во елитата на ЕХФ.

По неделниот натпревар со Елверум (34>34), Алушовски им посочи на неговите ракометари дека ги повторуваат грешките во клучните напади и тоа мора да го надминат ако сакаат да дојдат до победа над тимот од Норвешка.