Европскиот ракометен првак, Вардар информираше дека од денеска се пуштени во продажба билетите за пресметката со Монпелје, која воедно е последна на домашен терен за оваа сезона во групната фаза во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Цената на поединечните билетите за натпреварите со Монпелје се:
* трибина – 350 денари
* А блок – 400 денари

Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн – www.ticketplus.mk

Натпреварот РК Вардар – Монпелје ќе се игра на 29 февруари 2020 година во СЦ „Јане Сандански” со почетокот од 17:30 часот.