Европскиот ракометен првак, Вардар денеска од 17 часот во СЦ „Јане Сандаски“ го дочекува Порто во натпревар од 2 коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Вардарци е фаворити за пресметката со тимот од Португалија но знаат дека со помош на навивачите можат многу полесно да дојдат до посакуваната победа.

Поради ова, од црвено-црното семејство преку  социјалните мрежи повикуваат на масовност и поддршка од фановите на елитниот ракомет.