Младинскиот репрезентативец на Македонија, Марко Мишевски кариерата ќе ја продолжи во втората фрацуска лига.

Тој денеска беше представен во Гренобл како најново засилување за бековската линија.

„Задоволни сме што ангажиравме ракометар кој минатата година ја освои Лигата на шампионите. Станува збор за играч со голем потенцијал кој може да игра во напад но и во одбрана.“ – велат од Гренобл за Мишевски.