Црвено-црното ракометно семејтво од Скопје има уште една причина за радост. Анкетата на ЕХФ за најубави дресови кои некогаш се појавиле во Лигата на шампионите заврши.

Дресот на РК Вардар е прогласен за најубав во историјата на ЛШ во организација на ЕХФ додека дресот на ЖРК Вардар победи во конкуренција на женските тимови.

До крајот на анкетата останува уште фановите да одлучат кој меѓу машкиот и женскиот дрес на Вардар е поубав. Можете да гласате ТУКА.