Македонскиот репрезентативец Велко Марковски се враќа во нашата земја, откако потпиша за Металург, клуб за кој играше во периодот од 2010-2015 година.

33-годишниот стружанец Велко Маркоски доаѓа од редовите на романска Доброгеа Суд за кој настапуваше во последните две години. Марковски во својата кариера ги носеше и дресовите на Вардар, Зомимак, Работнички и Загреб.

Тимот од Автокоманда полека,но сигурно се подготвува за настапот во третото квалификациско коло, како последна пречка за влез во групите од ЕХФ купот.

За ривал Металург го има словенечкиот клуб на Горење Велење, првиот меч ќе се одигра на теренот на противникот на 16 ноември, а реваншот е на 24 ноември во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.