Веселин Вујовиќ со изненадувачка одлука реши да замине од ППД Загреб, тренерот од Црна Гора го менува ракометот за друга професија.
Секако дека еден ден е за очекување Вујовиќ повторно да седне на клупата на некој ракометен ракометен клуб, но во моментов има друг приоритет.
„Отворив приватен бизнис, имам плантажа со овошје, ќе одгледувам круши и цреши. Поради ова им се заблагодарив на во ППД Загреб, тие сметаа на мене и за следната сезона, но јас имам друг приоритет“ – изјавил Вујовиќ за медиумите од Хрватска.
Comments are closed for this post.