Искусниот ракометен тренер, Веселин Вујовиќ уште еднаш ја разбранува јавноста откако откри која е причината поради која одлучил да си замине од ППД Загреб.

Во изјава за медиумите од Хрватска, Вујовиќ објасни дека приватниот бизнис кој го започнал и желбата да биде посветен само на една работа се главните причини за промената која настана.

„Инвестирав во приватен бизнис. Имам голема плантажа со овошје, одгледувам круши и цреши. Поради ова морав да им се заблагодарам на челниците на ППД Загреб кои ме планираа и за следната сезона. Работата е таква што ќе морав многу често да отсуствувам и ништо не работам површно. Не сум ја затворил вратата во Загреб и секогаш ќе бидам на располагање ако имаат потреба од мене. Далеку сум од повлекување од ракометот. “– изјави поранешниот тренер на РК Вардар, Веселин Вујовиќ.