Веселин Вујовиќ во интервју за „Балкан-хандбaл“ ја оцени играта на Македонија на Мундијалот, разочаран е како ги губевме натпреварите, говорот на телото на играчите кажа се, репрезентацијата настапи неподготвена.

 

Македонија отиде неподготвена, овој пат не запишаа добар резултат, одиграа слабо, ако победа против Чиле беше главна цел, тогаш добро, но одиграа лошо. Начинот на кој губеше Македонија ни пречи, на нас кои ја сакаме оваа земја и ракометна репрезентација, немаа желба за игра, за борба, говорот на телото на играчите на теренот беше како да се предадени, кога Кире ќе се предаде и Столе не се бори, не можеше да биде поинаку“ – изјави Вујовиќ.