Веспрем сака два бода, а Вардар со победа да ја врати формата која ја загуби со Кил.

Екипите ги објавија составите за денешниот натпревар во рамки на петото коло во Лигата на шампионите, каде „Црвено-црните“ му гостуваат на унгарскиот шампион.

Веспрем е без Мораеш, додека новиот тренер на Вардар Едуард Кокшаров настапува со ист состав. Иако на клупата ќе седи капитенот Стојанче Стоилов, не е познато дали е подготвен да влезе во игра.

Натпреварот се игра денес во 17:30 часот.