Унгарскиот ракометен тим Веспрем, во новата сезона ќе има и нов капитен.Долгогодишниот предводник и легенда на унгарскиот ракомет Ласло Наѓ минатата сезона ја заврши кариерата и замина во легендите, па унгарскиот тим ќе одбра нов капитен.

Станува збор за Мате Лекаи, долгогодишен член во унгарскиот шампион. Негови заменици во новата сезона ќе бидат Арпад Штербик, Мирсад Терзиќ и Андреас Нилсон.