Вардар 1961 се обиде, но не успеа да стигне до втората овосезонска победа во Лигата на шампионите на ЕХФ. Во драматичен натпревар со неверојатен крај, црвено-црните во „Јане Сандански“ обезбедија бод од пресметката со португалците (25:25).

Тренерот на вардарци, Стевче Алушовски и ракометарот на европскиот првак, Марко Вујин го оценија конечниот исход како реален по се што се случуваше на теренот.