Еурофарм Работник во вторник ќе му гостува на Гудме во Данска во натпревар од Европската лига на ЕХФ.

Битолчани влегуваат во завршната фаза на подготовки, анализите се пред крај а желбата е успешен настап и позитивен резултат.

Ова го најавуваат, Јосип Периќ и Градимир Чаневски.

„Имавме доста време да се подготвиме. Ни недостигаат натпревари и самото одложување на натпреварот против Татабања направи да патуваме во Данска без ниту еден одигран дуел. Тие се во натпреварувачки ритам, одиграа половина есенски шампионат и еден натпревар во Европа, во Швајцарија. Одиме да се натпреваруваме, се подготвуваме, не знаеме до каде сме сè уште.“ – изјави Чаневски.

 


„Сигурно дека нè пореметија откажувањата. Но, ние добро тренираме и се подготвуваме како секој ден да започнат натпреварите. Подготвени сме за 27 октомври и натпреварот против Данците. Спремни сме, желни сме за игра и тоа е најважно. Само ги чекаме натпреварите.“-
изјави Јосип Периќ.