Ракометарите на Еурофарм Работник, Градимир Чаневски и Ловро Јотиќ  се најдоа во изборт на ЕХФ, најубава одбрана и трет најубав гол во изминатиот викенд во Лигата на шампионите.

Чаневски ја има најубавата одбрана, голманот на тимот од Битола прекрасно реагираше против Кокс во поразот од Кокс со 21-23.

Хрватот Ловро Јотиќ,  постигна гол кој ретко се гледа, во 5. минута упати „бомба“ по голот на противникот која заврши во мрежата, ова е третиот најубав гол на колото во ЛШ.