Македонскиот репрезентативец Никола Митревски ги доведе до очај ракометарите на Вардар во првиот дел со серија феноменални одбрани на голот на Порто и е главен виновник што „црвено – црните“ имаат само гол предност 13-12 на полувреме.

Митревски уште еднаш покажа дека е во фантатсична форма на голот на португалскиот шампион  и ќе биде голема пречка за вардаровите ракометари и во продолжението.