Поголемиот дел од експедицијата на РК Вардар пристигна во Дамам, градот каде што денеска започнува Супер Глоуб турнирот.

Поради проблемите со летот од Истанбул, останатите од редовите на Европскиот првак треба до крајот на денот да стигнат во Саудиска Арабија.

Црвено- црните се во очекување на противникот за четвртфиналето каде ќе играат со подобриот од дуелот на Ал Мудхар и Њујорк.