Европскиот првак, Вардар претрпе убедлив пораз на теренот на Кјелце со 35:25 во осмото коло во групата Б во Лигата на шампионите.

Домаќините влегоа одлично во натпреварот, на средина од полувремето имаа плус пет (12:7) а на пауза заминаа со 17:14.Во второто полувреме Кјелце не само што успеа да ја одржи предноста туку и да ја зголеми за конечна победа од плус 10 разлика.

Најефикасен на натпреварот беше Тимур Дибиров со девет гола, Скубе постигна шест а Стојанче Стоилов 5 гола.

Во следното коло од ЛШ, Вардар ќе му гостува на Мешков Брест на 23 ноември а последниот натпревар од ЛШ црвено –црните во оваа календарска година ќе го играат на домашен терен на 1 декември против Веспрем.