Вардар поразен се враќа од гостувањето во Данска, Алборг запиша победа со 33-29, и се реваншира за поразот од Скопје.

Алборг беше подобар севкупно, иако Вардар одигра квалитетно, со подеми и падови во двете полувремиња. Данскиот шампион почна со 3-0, најави победа, и ја запиша со 4 гола разлика на крајот, на полувремето водеше со 16-13.

Тимур Дибиров одигра одлично прво полувреме, запиша 9 гола, а во вториот дел не постигна ниту еден. Покрај Русинот, кај Вардар се истакна и Кевин Њокас со 7 гола. Во составот на Алборг се истакна Арон Палмарсон со осум гола.