Тимур Дибиров со пет гола беше еден од тројцата најефикасни во редовите на РК Вардар во поразот од Кил од 30:34 во полуфиналето од Супер Глоуб турнирот во Саудиска Арабија.

Според организаторот на овој турнир, левото крило на Вардар, учествуваше во најдобрата акција на мечот во која голманот на Кил имаше многу среќа…

Дибиров и црвено-црните утре ги очекува дуелот за третото место на неофицијалното светско клупско првенство каде ќе играат со поразениот од пресметката на Барселона и Ал Вехда.